„Пеколната“ група Ф го доби последниот патник во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Имено, по пласманот на Борусија Дортмунд уште во минатото коло, екипата на ПСЖ со бод на гостувањето на „Сигнал Идуна Парк“ против Дортмунд како второпласирана ќе патува во осминафиналето.
Првото полувреме изобилуваше со голем број шанси на двете страни, но не беше постигнат погодок.
Самиот старт на второто полувреме му донесе предност на Дортмунд од 1:0, а стрелец на погодокот беше Карим Адејеми во 51-та минута.
Заире-Емери по само 5 минути игра изедначи на 1:1 со што воедно го постави и конечниот резултат.
Натпреварот меѓу Њукасл и Милан го добија „росонерите“ со пресврт од 2:1.
Жоелингтон му донесе водство на Њукасл во првиот дел. Но, Пулишиќ и Чукувезе му обезбедија победа на Милан од 2:1 и пласман во Лигата на Европа.
Сите голови од денешните натпревари наскоро на едно место ОВДЕ.