Екипата на Порт со победа го завери својот пласман во следната, осминафинална рунда во Лигата на шампионите.

Највозбудливиот натпревар во Лигата на Шампионите го изиграа Порто и Шахтјор. Голеада од 5:3 ја доби екипата на Порто.

Возбудливо беше од самиот почеток. Галено го отвори резултатот во 9.та минута. Изедначи Сикан во 30.та минута. Галено пред крајот на првиот дел зголеми на 2:1. Тареми зголеми на 3:1. Автоголот на Еустахио ги врати Шахтјор во игра. За 4:2 гол постигна Пепе. Кончеинчао зголеми на 5:2, а конечните 5:3 ги постави Егуиналдо.

По последното коло Порто обезбеди пласман во следната фаза како втор во групата “Х”. Шахтјор ќе мора да се задоволи со место во Лига Европа.

Во групата Е, веќе беше се јасно и пред ова коло. Во Лигата на шампоните продолжуваат Атлетико Мадрид и Лацио, додека Феенорд ќе игра Лига Европа. 

Сите голови од денешните натпревари наскоро на едно место ОВДЕ.

Андреј Велјаноски

Standings provided by Sofascore
Standings provided by Sofascore