Во женската одбојкарска Прва лига денеска на програмата се три натпревари од 13-тото коло.
Програмата ќе биде отворена со дерби дуелот во Скопје. Во него, екипата на Струмица гостува кај шампионот Работнички. Струмичанки сака да ја продолжи победничката низа од 12 натпревари, а домаќинките да кои сезонава играат под очекувањата, да ја прекинат таа низа.
Натпреварот ќе се игра во салата „Македонски херои“ во попладневниот термин од 16.30 часот. Во вечерните термини 19 и 20 часот, на програмата се натпреварите во Штип и Струмица, додека второто дерби од ова коло ќе се игра на 20 декември.
ПРВА ЛИГА (ЖЕНИ) – 13.КОЛО
среда
16.30 РАБОТНИЧКИ – СТРУМИЦА
19.00 МЛАДОСТ УГД – ВАРДАР жени
20.00 НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – ВАРДАР ЕМ
20.декември
20.00 ФИТ ФАН ВОЛЕЈ – ЈАНТА ВОЛЕЈ
ТАБЕЛА: Струмица жени 12-0, Наковски волеј 9-3, Јанта волеј 9-3, Работнички Скопје 7-5, Фит фан волеј 5-7, Младост УГД 4-8, Вардар ЕМ 2-10, Вардар жени 0-12.