Веќе е ризично да си во близина на Дрејмон Грин кој речиси и да нема натпревар а, да не направи инцидент. 

Кошаркарот на Голден Стејт ноќеска повторно беше во фокусот на вниманието и предвреме го заврши натпреварот со Феникс. 

Не минаа ниту пет натпревари како се врати од суспензијата поради инцидентот во мечот со Минесота, а Грин повторно е пред суспензија. 

Тој синоќа по вообичаениот дуел со Јусуф Нуркиќ, се сврти и го удри босанскиот центар. На ваквото кроше на Грин може да му завидат и многумина професионални боксер.

Работливо, Грин веднаш беше исклучен, што е тремот негово исклучување сезонава.

Однесувањето на Грин претходно го критикуваше и неговиот тренер Стив Кер, признавајќи дека Грин мора да поработи повеќе на своето однесување.