Фудбалерите на Интер лесно и убедливо стигнаа до 12-тата победа во Серија А.
Вечерва пред своите симпатизери Интер го победи Удинезе со 4-0 и се врати на врвот на табелата во Серија А.
Целата работа неро-азурите ја завршија во првото полувреме.
Серијата на голови ја отвори Чанхаоглу од пенал во 37-та минута. По неговата асистенција Димарко во 42-та зголеми на 2-0. Само две минути подоцна Турам се впиша во листата на стрелци.
Конечните 4-0 за Интер ги постави Лаутаро Мартинез со голот во 84-тата минута.
Со оваа победа и новите бодови, а вкупно 38, Интер повторно е водечки тим. Зад него се Јувентус со 36 и Милан со 29.
Потоа следуваат Рома и Наполи со по 24, но римјаните имаа натпревар помалку. Тие утре играат против Фиорентина која со бод помалку е зад овој двоец.