Денеска не е ден за спорт.
Денеска на целиот македонски народ срцата се скршени од болка и тага.
Верувавме и се молевме на Бога, дека ќе се вратиш, на сите нам, а пред се на твоите најблиски.
Со неверување ја слушнавме веста која не сакавме ниту да ја помислиме.
Во името на редакцијата на СПОРТ Плус Македонија, изразуваме сочувство до семејството и сите твои блиски, познати и непознати, за кои твојата ведра насмевка останува длабоко врежана во меморијата на целата Македонска нација.
Ангелите ќе бидат со тебе Вања, почивај во мир.