Големото шпанско дерби меѓу Барселона и Атлетико Мадрид кои им припадна на домаќините ги исполни очекувањата и на нај пребирливите.

На олимпискиот стадион „Монжуик“ во Барселона, а во рамките од 13.коло, Барселона го победи Атлетико со 1-0. 

Уште од самиот почеток, актуелниот шампион тргна по офанзивно. По неколкуте пропуштени шанси на Рафиња и Левандовски, Португалецот, Феликс конечно ја затресе мрежата на гостите. 

Се играше 28.минута кога по една брза контра, Рафиња одлично во празно го проигра Жоао Феликс  кој со лоб удар го совлада совлада голманот Облак. 

И во продолжението двата тима се обидуваа да стигнат до погодок. Се играше брзо, отворено, со бројни жестоки стартови. По неколку добри шанси имаа и едните и другите, но Облак кај Атлетико и Пеља кај Барса беа брилијантни.

Така на крајот резултатот остана не променет, а Барса славеше со 1-0.

По овој резултат, двата тима ги сменија позициите на табелата. Сега Барса е трета, сега со 34 бодови три повеќе од Атлетико. На првите две места се Реал и Џирона кои имаат по 38 бодови.