Ракометарите на Охрид ја потврдија фаворитската улога во дуелот со Аеродром и забележаа победа. 

Во натпреварот од претпоследното 13.коло од „А“ групата на Супер лигата, Охрид пред својата публика славеше над Аеродром со 37-20 . 

Триумфот охриѓани го најавија уште во првото полувреме кое го добија со седум разлика (22-15). Таа предност рутински ја одржаа и до крајот на вториот дел, па славеа со 37-30.

Со овој пораз Аеродром и дефинитивно ги загуби шансите за четвртото место, а со тоа и пласман во плејофот. 

Во него покрај Охрид ќе играат и Алкалоид и Тиквеш кои следниот викенд решаваат меѓусебно за првото место. Четворката во плејофот ја заокружува екипата на Струга. 

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 13 КОЛО (ПЕТПОСЛЕДНО)
А ГРУПА
сабота
АЕРОДРОМ – ОХРИД 30-37
16.30 Е.ПЕЛИСТЕР 2 – СТРУГА
недела
15.00 СКОПЈЕ – ТИКВЕШ
одиграно во четвртокот
АЛКАЛОИД – КУМАНОВО

Standings provided by Sofascore