Екипата на Џирона останува најпријатното изненадуваше во фудбалскиот шампионат на Шпанија. 

Џирона со пресврт победа дојде до првото место на табелата во Ла Лига. На натпреварот со Валенсија кој го доби со 2-1, решавачи беа последните 10 минути.

По здодевно прво полувреме, двете екипи влегоа во вториот дел со сите сили.

Плод вроди кај Валенсија по голот на Уго Дуро.

Но, на сцена стапи Жирона. Во 83-та и 88-ма минута Стунани беше „диригент” на пресвртот на Џирона.

Моментално Џирона се на првата позиција со 38 бода. Реал Мадрид „им дише во врат” со 35 бода. Валенсија со 19 бода се на 10-та позиција.

Андреј Велјаноски