Кошаркарите на МЗТ Скопје У.Б. ја остварија шестата победа во второлигашката конкуренција. 

Во „малото вечно дерби“, дуелот на вторите екипи на МЗТ Скопје и Работнички им припадна на аеродромци со убедливи 28 разлика. 

Гостите од „Градски парк“ подобро го започнаа натпреварот. Во 7.минута водеа со 22-14, но до крајот на четвртината постигнаа само два поени (24-23). Во вториот период далеку подобра игра на сино=белите кои на пауза заминаа со седум позитива 46-39. Во второто полувреме аеродромци одиграа на посакуваното ниво. Третиот период го добија со 25-17, а последниот со 26-14 за конечни 97-71.

Во првиот денешен натпревар Шкупи очекувано го надигра Тетекс

Денеска ќе се играат уште два натпревари, а дербито е утре во Штип. 

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 9.КОЛО
Сабота
МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – РАБОТНИЧКИ 2018  97-71
ШКУПИ – ТЕТЕКС ТТК 90-72
18.00 КУМАНОВО 2009 – АНГЕЛИ
19.00 МЕГА БАСКЕТ – ВОДНО САНС
19.00 МАЏАРИ – БОРЕЦ БАСКЕТ
Недела
18.00 СОКОЛИ – МКК КУМАНОВО

ТАБЕЛА: МКК Куманово 16, Шкупи 16, МЗТ Скопје У.Б. 15, Маџари 15, Ангели 13, Борец баскет 13, Соколи 12, Водно Санс 11, Работнички 2018 11, Мега Баскет 10, Тетекс 10, Куманово 2009 8.