Со одигрувањето на вечерашните натпревари од претпоследното 5.коло во групната фаза, познати се уште две екипи осминафиналисти.
Тимот на Арсенал кој го „потопи“ француски Ленс со 6-0, покрај своето место во осминафиналето, го потврди и пласманот на ПСВ кој претходно со пресврт славеше кај Севиља со 3-2.
Во групата „Ц“ Реал Мадрид ја оствари и петата победа совладувајќи го Наполи со 4-2. На вториот натпревар во Португалија, Брага и Унион Берлин одиграа 1-1. Така во последното коло Ељиф Елмаз и Наполи ќе мора да освојат барем бод во дуелот со Брага за да се пласираат во осминафиналето.
Во него минхенски Баерн одамна се пласира, а за втората позиција во игра остануваат Копенхаген, Галатасарај и Манчестер Јунајтед. Кој ќе биде втор во „А“ групата ќе дознаеме на 12 декември кога ќе се играат дуелите, Копенхаген – Галатасарај и Манчестер Ј. – Баерн.
Во групата „Д“ и пред ова коло беше јасно дека Сосиедад и Интер ќе продолжат во осминафиналната рунда. Вечерва шпанската екипа одигра 0-0 со Салцбург. Интер иако на кај Бенфика губеше со 3-0, на крајот остана не поразен (3-3).
Салцбург и Бенфика во директен дуел ќе решаваат за место во Лигата на Европа, а Интер и Сосиедад за тоа кој ќе заврши како прво рангиран.
Сите голови од денешните натпревари ќе може да ги гледате овде.