Екипата на Севиља од готово направи вересија во дуелот со ПСВ на кој му го отвори патот кон осминафиналето 

Во натпреварот од „Б“ групата Севиља имаше предност од два гола, а наместо три, остана без бодови, бидејќи загуби со 2-3.

Домаќините поведоа со голот на Серхио Рамос во 24-тата минута. До крајот на првиот дел немаше нов погодок, па Севиља на пауза замина со водство од 1-0.  Во вториот дел по само две минути игра, домаќините одново се радуваа. Јусеф Ен Несири на ефектен начин зголеми на 2-0. 

И наместо мирно да го приведат кон крајот мечот, домаќините се ја направија работата потешка. За тоа главен виновник беше Окампос кој за три минути доби два жолти картони, па од 66-тата Севиља остана со играч помалку. 

Тоа го казнија гостите. Преку Мароканецот, Саибари (68.минута) и Србинот, Гудељ (81) и Американецот, Пели холандскиот тим стигна до три важни бода. 

Севиља остана на последното место со два бода, дури три помалку од трето рангираниот Ленс кој вечерва гостува во Лондон. ПСВ ја задржа втората позиција и ги зголеми шансите за осминафинале, а на Севиља дури и виси и местото за Лигата на Европа. 

 Арсенал кој е лидер во оваа група, вечерва потребен бод за да ја потврди првата позиција и пласманот во осминафиналето. Победа на „топчиите“ покрај Арсенал ќе го промовира и ПСВ во осминафиналист. 

Standings provided by Sofascore