Во Првата македонска фудбалска лига попладнево се играат натпреварите од 16-тото коло.
Двојна програма има во Струмица.
На теренот на Академија Пандев, Брера Струмица по првиот дел има предност од 1-0 во дуелот со штипска Брегалница.
Матеј Цветановски со еврогол, на неверојатен начин од 25 метри, го лобува гостинскиот голман Давков и им носи предност на домаќините по првиот дел.
Сигурно дека овој гол ќе конкурира за еден од најубавите сезонава до мак-фудбалот.