Попладнево во Првата македонска фудбалска лига беа одиграни натпреварите од 16-тото коло.

Од фаворитите, шампионот Струга Трим Лум и Шкендија ја оправдаа улогата, а до истото може да се каже и за Тиквеш. Затоа пак Силекс претрпе пораз, а лидерот Шкупи освои само бод.

Двојна програма имаше во Струмица. На теренот на Академија Пандев, Брера Струмица во 94-тата минута испушти победа против Брегалница. Домаќините со евроголот на Цветаноски во 44.минута поведоа со 1-0. Таа предност ја имаа се до четвртата минута од судиското дополнение. Големата грешка во потесната одбрани ги чинеше два бода, а за тоа се погрижи Вебстер кој израмни на 1-1.

Затоа пак на дуелот на соседниот стадион, меѓу Гостивар и Шкупи немаше голови.

Шампионот Струга ТЛ не виде мака во дуелот со Вардар кој го совлада со 3-1. Згуро од пенал во 3-тата и Таири во 8-минута му донесоа предност на првакот. Намали Милосавиќ во пенал во 28 минута. Победата на стружани ја потврди Компаоре со голот во 62-та минута.

Во Ѓорче Петров еден гол го пеши натпреварот. На задоволство на домаќините Фазли во 83.минута и донесе победа на Македонија против Силекс.

Во Охрид, кавадаречки Тиквеш славеше против Воска спор со 3-0. Два гола за гостите постигна Ивановски (27 и 80.минута), а во меѓувреме (76) и Спахиу се впиша во листата на стрелци.

Во Тетово, екипата на Шкендија го скрши отпорот на Работнички во второто полувреме. Шала во 58.минута го постигна првиот гол, а победата ја потврди Чинари (90’+2).

По оваа рунда, Шкупи и Шкендија се на првите две позиции со по 32 бодови, а Струга Трим Лум е веднаш зад нив со два помалку (30).

ПРВА ЛИГА – 16. КОЛО
ВАРДАР – СТРУГА ТЛ 1-3
БРЕРА СТРУМИЦА – БРЕГАЛНИЦА 1-1
МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС 1-0
ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 2-0
ВОСКА СПОРТ – ТИКВЕШ 0-3
ГОСТИВАР – ШКУПИ 0-0

Standings provided by Sofascore