Иако во групата „Г“ веќе беше јасно дека актуелниот шампион Манчестер Сити и германскиот Лајпциг се сигурни осминафиналисти, сепак мечот донесе големи возбудувања и пет гола.

Дуелот само решаваше кој ќе го осои првото место, а тоа е Манчестер Сити кој со пресврт во вториот дел стигна до петата победа.

Гостите од Германија со головите на Опенда (13 и 23.минута) има водство од 2-0 по првото полувреме. Во второто, шампионат ја покажа својата моќ. Со головите на Халанд (55), Фоден (70) и Алварез (87) Сити славеше со 3-2.

На дуелот кој решава за 3.место и пласман во Лигата на Европа, тимот на Јанг Бојс ја совлада Црвена Звезда со 2-0. 

 

Standings provided by Sofascore