Грција, Латвија, Порторико и Шпанија ќе бидат домаќини на кошаркарските квалификациски турнири за Олимписките игри во Париз следната година.
Светската кошаркарска федерација (ФИБА), ги одреди домаќините на четирите турнири по кои ќе биде комплетиран списокот учесници на Олимпијадата.
Како што е наведено, Извршниот одбор на ФИБА одлучи турнирите, кои се закажани од 2 до 7 јули, да се играат во Атина, Рига, Сан Хуан и Валенсија.
На четири квалификациски турнири ќе се натпреваруваат вкупно 24 репрезентации, по шест на секој турнир. Само победниците на турнирот ќе се квалификуваат за Олимписките игри.
Ждрепката за овие турнири ќе се одржи подоцна вечерва (19 часот), а според актуелното рангирање на ФИБА, екипите се поделени во шест „шешири“:
Шешир 1: Шпанија, Летонија, Литванија, Словенија
Шешир 2: Бразил, Италија, Грција, Полска
Шешир 3. Порторико, Црна Гора, Доминиканска Република, Финска
Шешир 4: Нов Зеланд, Грузија, Мексико, Либан
Шешир 5: Хрватска, Брегот на Слоновата Коска, Ангола, Филипини
Шешир 6: Египет, Бахреин, Камерун, Бахамите
Покрај домаќинот Франција на Олимписките игри веќе се квалификуваа: САД, Канада, Германија, Србија, Австралија, Јужен Судан и Јапонија.