Поради снежни врнежи кои ја зафатија Македонија, Комисијата за натпревари на ФФМ одложи два натпревари.
Денеска нема да се играат дуелите од 15 коло во Прва МФЛ во Кратово и Струга.
Во нив треба да се сретнат екипите на Силекс и Вардар, односно Струга Трим Лум и Воска Спорт.
Мечевите се се презакажани за 06.12.2023 година (среда) со почеток од 13.00 час.
Другите три натпревари ќе се играат.
Скопје закажани се средните меѓу Шкупи и Македонија Ѓорче Петров, односно Работнички – Гостивар, а ќе има фудбал и во Кавадарци, каде Тиквеш ја пречекува Брера Струмица.
Натпреварите почнуваат од 13 часот.