Македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски продолжува со фантастичните настапи во тимот на Абердин. 

Во дуелот од 14.коло на шкотската Премиер лига, Миовски и Абердин се домаќини на гигантот Глазгов Ренџерс. 

Иако гостите важат за голем фаворит сепак тоа ништо не му значи на Миовски. 

Напротив, по брзиот контра напад, нашиот напаѓач уште во 11-тата минута му донесе предност на својот тим од 1-0. 

За Миовски ова е петти првенствен, а вкупно единаесетти гол сезонава во дресот на Абердин.