Во Првата македонска фудбалска лига денес со почеток од 13 часот ќе се одиграат пет натпревари од 15-тото коло.

Во Кратово нé очекува дуел на поранешните шампиони кои во минатото важеа за големи ривали. Силекс го дочекува Вардар и ќе атакува на победа пред својата публика. За Вардар секој бод е важен во борбата за опстанок, но доколку загуби ќе остани закован на дното на табелата.

Актуелниот шампион, екипата на Струга ТЛ пред својата публика ќе ја угости екипата на Воска Спорт. Стружани ќе бараат одмазда за елиминацијата во купот на Македонија. Воска Спорт пак не знае за пораз на последните 5 првенствени натпревари.

Шкупи на домашен терен ќе ги одмери силите со Македонија ЃП. Со победа чаирчани повторно би се искачил на првото место. „Лавовите“ од Ѓорче се наоѓаат во опасната зона, поточно на позицијата која носи бараж за опстанок, па од тука очекуваме цврста игра и голем отпор од нивна страна.

Гоце Седлоски ќе го има дебито на клупата на Работнички, а нивен противник ќе биде екипата на Гостивар. „Романтичарите“ после лошите игри успеаја да сврзат две победи, а со новиот стратег ќе се обидат да стигнат и до трета во низа.

Во Кавадарци ќе се соочат екипите на Тиквеш и Брера Струмица. Струмичани после 9 кола конечно успеаа да слават, а веќе денес ги очекува многу тешко гостување. Екипата на Тиквеш нема сјајни резултати, а играчите ќе дадат се од себе токму денес да стигнат до трите бода.

Првиот натпревар од ова коло вчера во Штип, а Брегалница и Шкендија одиграа 2:2.

ПРВА ЛИГА – 15.КОЛО
недела (13 часот)
СИЛЕКС – ВАРДАР
ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
СТРУГА Т.Л. – ВОСКА СПОРТ
ТИКВЕШ – БРЕРА СТРУМИЦА
РАБОТНИЧКИ – ГОСТИВАР  (на МРТ3) 
сабота
БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА – 2:2

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

Standings provided by Sofascore