Продолженото викенд 12-то коло во маката ракометна Супер лига ќе биде комплетирано денеска.
На програмата се два натпревари од „А“ групата и двата во терминот од 19 часот.
Оној во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ меѓу Аеродром и Еурофарм Пелистер 2, е далеку поважен. Тоа од причина што доколку аеродромци сакаат да ги сочуваат шансите за 4.место ќе мора да победата.
Имено во трка за позицијата што води во плеј-офот на Супер лигата, екипата на Аеродром заостанува пет бодови зад Струга. Така, само со триумф избраниците на Дарко Петровски ќе може да се на евентуален шанса за тоа.
Токму Струга и Аеродром меѓусебно ќе се сретнат и во последното коло.
Но, прво треба да се сочека исходот од денешниот меч кој како и дуелот од 19 часот термин во кој ќе се игра и натпреварот Куманово – Скопје.