Четири натпревари од 9.коло (сите во ист термин) се играа попладнево Првата машка кошарка лига.

Иако требаше да биде дерби меѓи двете прво пласирани екипи на табелата, дуелот во „Јане Сандански“ не ги оправда очекувањата.

Особено тоа важи за гостите од Чаир. Со постигнати само 5 поени во третата четвртина против МЗТ Скопје немаше што да бараат ви дуелот со шампионот кој славеше со 33 разлика.

Големо изненадуваше направи екипата на Академија ФМП која на гостувањето кај Гостивар победи со кош разлика. За тоа се погрижи Огундиран кој во последната акција реализира пред звукот на сирената.

Малку недостасуваше Еуро Никел да прокоцка победа против ТФТ. Кавадарчани имаа предност и од 20 поени во третата четвртина, но на крајот славеа само до 1 разлика.

Работнички долго се мачеше во дуелот со Кожув во Гевгелија. Црвено-белите го скршија отпорот на домаќините во последниот период кој го добија со осум разлика.

Последните два натпревари од ова коло ќе се играат утре во Битола и Охрид.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 9.КОЛО
Сабота
МЗТ СКОПЈЕ А. – ЧАИР 91-58
ГОСТИВАР – АКАДЕМИЈА ФМП 90-92
ЕУРО НИКЕЛ – ТФТ 66-65
КОЖУВ – РАБОТНИЧКИ 84-90
Недела
16.00 ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР
18.00 ОХРИД – ФЕНИКС

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 17 бодови, Еуро Никел 15, Работнички 15, Чаир 15, ТФТ 14, Пелистер 13, Гостивар 13, Феникс 12, Кожув 11, Академија ФМП 11, Вардар 11, Охрид 9.