Наполи извојува тежок триумф на гостувањето кај Аталанта, а најзаслужен за тоа беше македонскиот бисер, Елиф Елмас. Тој во 79-тата минута постигна погодок за водство од 2:1 и победа на неговата екипа.

Пред заминување на заслужен одмор, фудбалерите на Наполи успеаја да постигнат погодок и да замината на полувреме со предност од 1:0. Голот го постигна Квича Кварацкелија во 44-тата минута.

На почетокот на вториот дел Аталанта изедначи на 1:1 со голот на Адемола Лукман во 53-тата минута.

Елиф Елмас заедно со Виктор Осимен влегоа во 63-тата минута за да му помогнат на Наполи во финишот.

Токму нивната комбинација му донесе три бодови на Наполи. Осимен одлично додаде, а Елмас прекрасно реализираше за 2:1 во 79-тата минута.

Наполи со оваа важна победа се изби на 4-тата позиција на табелата со 24 освоени бодови, додека Аталанта останува на 6-тата позиција со 20 бодови.