Скопски Вардар ја потврди фаворитската улога во „имењакот“ од Неготино, во ракометната Супер лига.
Во дуелот на двете екипи со исто име, скопскиот тим на гостувањето во Неготино забележа убедлива победа со 35-22 .
Скопјани триумфот го најавија уште во првиот дел кој го добија со 9 голови разлика (17-12). Второто полувреме беше само чиста формалност па на крајот скопски Вардар славеше со 13 голови разлика (35-22).
Ален Ќосевски со 8 гола и Хасер Родигез. со 7 голови беа најефикасните во победничката екипа.
Со единаесеттата победа Вардар изби сам на првото место на табелата со три бодови повеќе од шампионот Еурофарм Пелистер. Битолчани утре ќе го играат својот меч од оваа рунда, а ќе гостуваат на Бутел Скопје.
Во другите два натпревар од 12.коло во „Б“ групата, кои исто така ќе се играат утре, ќе се сретнат, Пролет – Голден Арт и Прилеп – Мулти Есенс.
Во овие моменти се игра и првиот меч од „А“ групата во кој Струга е домаќин на досега не совладиливиот Алкалоид.