Кошаркарите на Шкупи го отворија 8.коло од Втората лига со победа на гостувањето во салата во Градски парк совладувајќи го Работнички (втор тим) со 84:64. Резултат по четвртини: 11:20; 18:23; 19:17 и 16:24.

Почетокот на натпреварот мина во изедначена игра со минимална предност на домашниот тим. Но, искусните гостински кошаркари Шкупи направија серија од 10-0, за водство на крајот од првиот период со 20:11.

На полувреме екипата на Шкупи ја зголеми предноста и водеше со 43:29.

Во вториот дел предноста на Шкупи беше постојано двоцифрена, а во неколку наврати беше и повеќе од 20 поени.

Најефикасен на натпреварот беше Љубиша Димитровски (Шкупи) со 28 поени. Кај Работнички, Метин Саити постигна 21 поен (16 во првиот дел).

Екипата на Работнички по денешниот пораз има скор од 2-6 (победи-порази), додека Шкупи има биланс 6-2 и се наоѓа на второто место.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) –  8.КОЛО
Петок
РАБОТНИЧКИ 2 – ШКУПИ 64-84
Сабота 
16.00 БОРЕЦ БАСКЕТ – СОКОЛИ
18.00 МКК КУМАНОВО – КУМАНОВО 2009
20.30 ВОДНО САНС – МЗТ СКОПЈЕ У.Б.
Недела  
18.00 ТЕТЕКС – МАЏАРИ
18.00 АНГЕЛИ – МЕГА БАСКЕТ

ТАБЕЛА: МКК Куманово 14бодови, 13, Шкупи 14, Маџари Соколи 11, Ангели 11, Борец баскет 11, МЗТ Скопје У.Б. 11, Водно Санс 10, Работнички-2 10, Мега Баскет 9, Тетекс 8, Куманово 2009 7.