Со два натпревари што ќе се играат денеска во Неготино и Струга ќе започне 12-тото коло во машката ракометна Супер лига.

Во првиот дуел ќе се сретнат двете екипи на Вардар. неготинскиот го пречекува скопскиот. Овој натпревар е во рамките од „Б“ групата во која домаќините се последни на табелата, а скопјани се на делба на првата позиција со Еурофарм Пелистер.

Се освен победа на скопјани би било вистинска сензација на овој меч што ќе започне до 18.30 часот.

Половина час подоцна (19.00) во Струга истоимената домашна екипа го пречекува вицепрвакот Алкалоид. И на овој меч фаворитската улога ја имаат скопјани кои досега имаат максимални 11 победи.

Останатите натпревари од ова 12-ти коло ќе се играат во текот на викендот.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

А ГРУПА 
петок
19.00  СТРУГА –  АЛКАЛОИД
сабота  
18.30  ОХРИД –  ТИКВЕШ
недела
19.00  АЕРОДРОМ – Е. ПЕЛИСТЕР 2
19.00  КУМАНОВО –  СКОПЈЕ
Б ГРУПА 
петок
18.30  ВАРДАР Неготино – ВАРДАР  
сабота
18.00  БУТЕЛ СКОПЈЕ – Е. ПЕЛИСТЕР
18.30  ПРОЛЕТ –  ГОЛДЕН АРТ  
18.30  ПРИЛЕП –  МУЛТИ ЕСЕНС
ТАБЕЛА: Алкалоид 33 бодови, Тиквеш 30, Охрид 24, Струга 18, Аеродром 13, Е. Пелистер 2  9, Скопје 2, Куманово 1.ТАБЕЛА:  Е. Пелистер 30 бодови, Вардар 30, Бутел Скопје 21, Пролет 18, , Голден Арт 13,  Прилеп 7, Мулти Есенс 6 и Вардар Неготино 6.