Бобан Илиоски e нов светски шампион во кик-бокс. Македонскиот репрезентативец го освои е златото на Мундијалот што се одржува во Португалија.

Во својата категорија до 86 килограми лоу-кик, Илиевски во финалната борба за златниот медал го совлада Узбекистанецот, Нубрек Уришбоев со 3:0.

Со тоа Илиоски ги обедини европската и светската титула, откако лани нé израдува со злато на континенталното првенство.

Македонија на Мундијалот беше претставувана од тројца борци, во конкуренција на 1752 натпреварувачи од 78 држави.