Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром утре гостува во Подгорица кај Спортски Центар Дерби во натпревар од 17.коло на АБА лигата.
Дуелот против црногорската екипа е од огромно значење за аердоромци, кои една од двете победи досега ја забележаа токму против утрешниот противник.
Но. Задачата нема да биде нималку лесна имајќи во предвид дека овој меч доаѓа само трти дена по поразот од Гостивар во домашното првенство, но и дека тренерот Драган Николиќ и натаму има главоболки околу комплетирањето на составот.
„Здравствениот билтен не ни оди во прилог, имаме болни и повредени книги, но тоа нема и не смее да не биде алиби. Дуелот со СЦ Дерби е огромен тест за моите кошаркари, една од последните шанси да покажат карактер и енергија, каква што досега демонстрираа само кога играме на домашен терен. Мора да го извадат и последниот атом енергија, да одиграат машки и бескомпромисно без разлика што не играат пред своите верни и буни навивачи, бидејќи немаме право на грешка и тие како индивидуалци и сите ние како тим. Само со верба во сопствениот квалитет ќе можеме до посакуваната цел“, вели Николиќ.
Потсетување дека МЗТ на средбата во Гостивар не можеше да смета на болните Страхиња Миќовиќ и Бојан Крстевски, како и повредениот Кеандре Кук.
Утрешниот натпревар меѓу СЦ Дерби и МЗТ Скопје А. ќе се игра во терминот од 19 часот.