Најдобрата македонска фудбалска репрезентација, денеска ја се собра во Скопје, каде ќе се подготвува за последните два натпревар од квалификациите за ЕП 2024-та.
Македонија во петок и следниот понеделник ќе ги игра натпреварите против Италија и Англија.
Нашата селекција е во хотелот „Хилтон“ во непосредна близина на ФФМ, каде ќе бидат и одработени подготовките за овие натпревари.
Во позитивна атмосфера, по одличните настапи во септември и октомври, нашата репрезентација попладнево и утре ќе ги направи мини подготовки.
Репрезентацијата во среда попладне заминува за Рим, каде во четврток ќе го игра дуелот со Италија.
Последниот натпревар во овие квалификации Македонија ќе го игра на домашен терен во Скопје. На национална арена „Тодор Проески“ на 20 ноември (понедленик) од 20:45 часот ќе гостува Англија.
За овој натпревар од денеска во продажба се пуштени картите по цена од 400 и 600 денари.