Позитивната атмосфера несомнено влијае и ќе влијаа на исходите на дуелите што претстојат.

Македонскиот селектор Благоја Милевски смета дека тоа ќе биде еден од факторите кои ќе решаваат во дуелите што претстојат, Италија и Англија.

„Се надевам пред се дека момчињата ќе бидат здрави, бидејќи на нивните последни првенствени натпревари имаше некои ситни повреди.

Што се однесува до атмосферата. Во последните два циклуси, во септември и октомври, се потврди дека имаме позитивна енергија, што придонесе да имате такви добри изданија како што имаше Македонија. Се надевам дека по ист терк, со таа енергија ќе продолжиме и во овие два натпревари.

Се работи за два исклучително тешки натпревари, впрочем нема веќе лесни натпревари. Што се однесува до квалитетот на противници, сите добро знаеме за кого се работи но, Македонија не се предава однапред никогаш.

И во Италија и на на домашен терен со Англија, за покажеме дека Македонија игра допадлив фудбал и ќе го дадеме својот максимум за да извлечеме што е можно повеќе од тие два натпревари“,

истакна Милевски.

Македонската репрезентација веќе се собра во својата „база“ во Скопје. Денеска и утре ќе одработи мини подготовки пред заминувањето за Италија.

Првиот натпревар во Рим, Македонијо ќе го игра во петок (20.45 часот). Последниот е во понеделник (20 ноември) во Скопје ја пречекува Англија (20.45 часот).