Фудбалерите на Јувентус со 2:1 го совладаа Каљари на домашен терен и се избија на првата позиција на табелата во Серија А.
Во првото полувреме и двете екипии играа офанзивно со подеднаков посед на топката, но немаше поголеми прилики за погодок.
Во вториот дел Јуве за само 10 минути постигна два погодоци и дојде до предност од 2:0. Бремер беше стрелец на првиот во 60-тата минута. Тој фантастично го испрати нафрлувањето на Филип Костиќ и со прекрасен удар со глава му донесе предност на својот тим. А, во 70-тата минута Даниеле Ругани зголеми на 2:0.
Каљари имаше одговор на иницијативата на Јувентус и во 75-тата минута намалија на 2:1, а голот го постигна Алберто Досена.
„Старата дама“ со оваа победа се изби на врвот на Серија А со 29 освоени бодови, еден повеќе од Интер, кој утре го пречекува Фросиноне со почеток од 20:45 часот.