Кошаркарите Ангели ја остварија четвртата поведа во второлигашката конкуренција.

Во воведниот натпревар од 6.коло Ангели го совладаа Водно Санс со 82-65 .

Гостите на почетокот во три наврати имаа водство. Ангели брзо го анулираат тоа и со агресивна одбрана ја добија четвртина со 28-20.

Малото опуштање во вториот период на домаќинот, гостите го казнија о дојдоа на поен негатива (30-29).

Сепак домаќините не дозволија пресврт. Во 38-та минута со тројката на Трпески за прв пат поведоа со двоцифрена разлика (42-32). На полувремето Ангели заминаа со +17 ( 49-32 ).

Рутинирано избраниците на Игор Гацов ја одржуваа и зголемуваа предноста која по 30 минути изнесуваше +21 (67-46).

Последната четвртина не донесе поголеми возбудувања па Ангели на крајот славеа со конечни 82-65 .

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 6.КОЛО
сабота
АНГЕЛИ – ВОДНО САНС 82-65
18.00 ТЕТЕКС ТТК – КУМАНОВО 2009
19.00 МКК КУМАНОВО – МЗТ СКОПЈЕ У.Б.
недела
15.30 БОРЕЦ БАСКЕТ – МЕГА БАСКЕТ
17.00 ШКУПИ – СОКОЛИ
18.00 РАБОТНИЧКИ 2018 – МАЏАРИ

ТАБЕЛА: МКК Куманово 10 бодови, Ангели 10, Шкупи 9, Маџари 9, Водно Санс 9, Соколи 8, МЗТ Скопје У.Б. 8, Мега Баскет 7, Борец Баскет 7, Работнички 2018 6, Куманово 2009 5 и Тетекс 5.