Со двата гола на Доминик Соланке екипата на Бурнемут направи големо изненадување во 12.коло совладувајќи го Њукасл со 2:0. Ова за домашниот тим беше само втора победа во Премиер лигата сезонава и тоа во последните три кола (има и пораз од Манчестер Сити претходното коло).

По изедначеното прво полувреме во вториот дел Бурнемут ја препушти играта на противникот. Од контри се обиде да дојде до водство. Таквата игра донесе резултат во 60.минута, а мрежата на Поуп ја погоди Соланке.

Истиот играч по вторпат погоди во 73.минута. Домашните пропуштија шанса за повисока победа, но Њукасл на голот го имаше одличниот Поуп, кој дуелот го заврши со осум одбрани.

Бурнемут со денешната победа избега од опасната зона за испаѓање и има 9 бодови на 17.место, додека Њукасл е на седмата позиција со 20 бодови.