Овој викенд ќе се игра осмото коло од женската ракометна Супер лига.
Четири од седумте натпревари ќе се играат денес. Дерби е во Куманово каде гостува Чаир. Тоа е дуел на второ и четрвто рангираните екипи на табелата. Куманово се наоѓа на второто место со 18 бодови, додека Чаир четврти со два бода помалку на (16) како и Вардар кој е трет.
Дербито ќе се игра во сала ,,Перо Наков ” и ќе започне во 16:30 часот, а судии ќе бидат Ќаев Глигор и Ќаев Спаско.
Вардарки го пречекуваат тимот на Пелистер 2012, додека Металург Автокоманда гостува кај Шампион. Спартак игра против екипата на Гевгелија во спортската сала ,,26-ти Април “.
Во текот на утрешниот ден се закажани само два натпревари. Овче Поле ќе се соочи со Деспина, а Астибо игра против Стружанка.
Натпреварот меѓу Ѓорче Петров и Скопје е одложен за 15 ноември, поради настапот на македонскиот шампион во Европскиот Куп.
Сите натпревари може да ги гледате во живо со едноскавен клик на посакуваниот натпревар.
СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – 8.КОЛО
сабота
12:00 ЖРК ГЕВГЕЛИЈА – РК СПАРТАК
14:30 ЖРК ВАРДАР – ЖРК ПЕЛИСТЕР 2012
16:30 ЖРК КУМАНОВО – ЖРК ЧАИР СКОПЈЕ
17:30 ЖРК ШАМПИОН – ЖРК МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА
недела
12:00 ЖРК АСТИБО – ЖРК СТРУЖАНКА
17:30 ЖРК ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – РК ДЕСПИНА
среда (15 ноември)
00.00 СКОПЈЕ – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 21 бодови, Куманово 18, Вардар 16, Чаир 16, Металург Автокоманда 15, Стружанка 13, Пелистер 13…
Ивона Кимовска


































