По три натпревари ќе бидат одиграни денеска и утре во рамките од 6.коло на Втората кошаркарска лига.
Програмата ќе биде отворена во Кисела Вода каде составот на Ангели ќе го игра едно од дерби дуелите, а противник е Водно Санс.
Тетекс или Куманово 2009 еден од овие два тима денеска конечно ќе се израдува на првата победа сезонава затоа пак МКК Куманово е пред императив да ја потврди фаворитската улога. Кумановци кои досега се перфектни има пет победи на истото од игри натпревари, игра против вториот тим на МЗТ Скопје.
Дерби на повидок ќе се игра у утре (недела) во Чаир каде Шкупи ќе го пречека составот на штипските Соколи.
Претходно во Велес, Борец баскет ја пречекува прилепската екипа Мега баскет. Колото ќе го заокружат Работнички и Маџари.
Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 6.КОЛО
сабота
16.30 АНГЕЛИ – ВОДНО САНС
18.00 ТЕТЕКС ТТК – КУМАНОВО 2009
19.00 МКК КУМАНОВО – МЗТ СКОПЈЕ У.Б.
недела
15.30 БОРЕЦ БАСКЕТ – МЕГА БАСКЕТ
17.00 ШКУПИ – СОКОЛИ
18.00 РАБОТНИЧКИ 2018 – МАЏАРИ
ТАБЕЛА: МКК Куманово 10 бодови, Шкупи 9, Маџари 7, Соколи 8, Ангели 8, МЗТ Скопје У.Б. 8, Водно Санс 8, Мега Баскет 7, Борец Баскет 7, Работнички 2018 6, Куманово 2009 5 и Тетекс 5.




































