Македонија и Италија на 17 ноември ќе го играат својот натпревар во квалификациите за Европското првенство 2024-та во Германија.
За Азурите тој меч е повеќе о важен доколку сакаат да ги сочуваат шансите за пласман на ЕУРО. Само победа ќе ги одржи во игра пред решавачкиот меч со Украина во Леверкузен.
Италијанската федерација објави дека досега се продадени речиси половина од картите за дуелот што ќе се игра на стадионот „Олимпико“.
Повеќе од 30.000 карти веќе се распродадени, а Азурите очекуваат „Олимпико“ да биде исполнет до последното место, барем што се однесува до домашните навивачи.
Од италијанската федерација со предупредување до македонските навивачи.
„Гостинските фанови треба да купат билети само за гостинскиот дел преку Фудбалската федерација на Македонија.
Ги потсетуваме навивачите да не користат други веб-страници освен официјалните, бидејќи приватните продавачи и другите неовластени канали честопати можат да понудат лажни или неважечки билети“.
Картите за натпреварот Италија – Македонија може да се купат на официјалните страни на figc.vivaticket.it и vivaticket.com .