Со комплетирањето на 4.коло во Лигата на шампионите, познати се шест екипи веќе обезбедија место во осминафиналето.
Актуелниот шампион Манчестер Сити, Реал Мадрид, Баерн Минхен се трите тима кои досега имаат максимален учинок во четирите одиграни натпревари.
Ним им се приклучија, германскиот Лајпциг, како и Интер и Сосиедад по вчерашните победи на Салцбург и Бенфика.
Битката за останатите слободни места допрва ќе се разжештува.
Во поповолна ситуација се Арсенал и Наполи кои имаат солидна бодовна предност во однос на конкурентите.
Затоа голема неизвесно ќе има во групата на смртта, каде Борусија Дортмунд, ПСЖ, Милан и Њукасл се во разлика од три бодови.
По три тима во Е и Х групите, се во трка за двете позиции кои водат во осминафиналето. Порто и Барселона имаат три бодови предност во однос на Шахтјор, додека Атлетико Мадрид, Лацио и Феенорд се на бод односно два разлика.
Следната претпоследна пета рунда е закажана за 28 и 29 ноември.