Со шесте натпревари одиграни вечерва, комплетирано е 4-тото коло, во Лигата на шампионите. 

Реал Мадрид и минхенски Баерн им се приклучија на Манчестер Сити и Лајпциг кои вчера се промовираа во осминафиналисти. Двата тима стигнаа до четвртата победа и го осигураа првото место на табелата во своите групи. 

Реал ја совлада Брага пред своите симпатизери. Гостите од Португалија уште во 6.минута имаа шанса да поведат, сепак Алваро Џало не реализира пенал. Следуваше казна на спротивната страна. Диаз (27.минута), Винициус (58) и Родриго (61), беа стрелци на головите за Реал.

И Баерн славеше во Минхен против Галатасарај. Хари Кејн со двата гола за најави победата, за водство од 2-0, а Бакамбу го ублажи поразот.

Дербито на вечерта се одигра во Лондон, каде Арсенал и по втор пат беше подобар од Севиља. 

Екипата на Интер со голот од пенал на Лаураро Мартинез во 85.минута славеше на гостувањето кај Салцбург со 1-0. Со оваа победа Интер покрај за себе му заврши работа и на Сосиедад, па двата тима уште сега се во осминафиналето. 

Сите голови од вчерашните натпревари, на едно место, може да ги гледате ОВДЕ за кратко.

А група
БАЕРН МИНХЕН – ГАЛАТАСАРАЈ  2-1
КОПЕНХАГЕН – МАНЧЕСТЕР Ј.  4-3 

Standings provided by Sofascore

Б група
АРСЕНАЛ – СЕВИЉА  2-0
ПСВ – ЛЕНС  1-0

Standings provided by Sofascore

Ц група
НАПОЛИ – УНИОН БЕРЛИН  1-1
РЕАЛ МАДРИД – БРАГА  3-0

Standings provided by Sofascore

Р.СОСИЕДАД – БЕНФИКА  3-1
САЛЦБУРГ – ИНТЕР  0-1

Standings provided by Sofascore