Дуелот во Копенхаген каде кај истоимениот тим гостуваше Манчестер Јунајтед, беше најефикасниот и нај возбудливиот вечерва во Лигата на шампионите.

Гостите со головите на Хојлинд имаа водство од 0-2. Но, откако Рашворд во 42.минута заработи црвен картон, домаќините стигнаа до израмнување.

Првиот дел беше продолжен за 13 минути, а тоа домаќините го искористија и со головите во 9-тата и 11-тата минута од дополнението Копенхаген стигна до 2-2.

Возбудувањата тука не престанаа, бидејќи Јунајтед во 70.минута од пенал преку Бруно Фернандеш ја прати предноста. Се играше 83.минута, кога Лерагер одново го израмни резултатот, сега на 3-3.

За драмата да доживее кулминација се погрижи 17-годипниот Рони Бардџи кој со голот во 87-минута го комплетираше пресвртот за победа на Копенхаген со 4-3.