Италијанскиот првак Наполи ќе мора да почека во следните две кола да се промовира во осминафиналист на Лигата на шампионите.
Наполитанците пред домашните симпатизери на „Диего Марадона“ стадионот, не успеаја ја победија германската екипа Унион Берлин играјќи 1-1.
Домаќините ос самиот старт тргнаа кон противничкиот гол. Тешко им одеше, но успеаја да го скршат отворот во 39.минута кога Политано донесе водство од 1-0.
На германскиот тим добро му дојде паузата меѓу двете полувремиња. Минаа само седум минути од второто кога Фифана успеа да постигне гол и да го израмни резултатот на 1-1.
Иако во продолжението Наполи се обидуваше да стигне до втор гол и победа, тоа не се случи па освои само еден бод.
Сега Наполи има вкупно 7 бодови, но и натпревар повеќе од португалската Брага која досега собра три бода.
Ц група
НАПОЛИ – УНИОН БЕРЛИН 1-1
РЕАЛ МАДРИД – БРАГА од 21 часот