Интензивен и неизвесен натпревар со голем број на шанси за гол одиграа Фулам и Манчестер Јунајтед на „Крејвен Котиџ”.
Јунак на овој натпревар беше Бруно Фернандеш. Португалецот со гол во финишот (90+1) за 1:0 конечно ги израдува навивачите на „црвените ѓаволи”.
Манчестер Јунајтед постигна гол уште во 8-та минута со голот на Скот Мектомини, но поради офсајд голот беше поништен.
Во продолжение, „црвените ѓаволи” имаа уште три прилики, но Берд Лено фантастично ја чуваше мрежата на Фулам.
Сепак, тоа не го спречи Бруно Фернандеш да постигне гол во судиското продолжение и да му донесе три бода на својот тим.