Во Втората македонска фудбалска лига денес со почеток од 13 часот ќе се одиграат сите осум натпревари од 11-тото коло.

Најголемо внимание во ова коло привлекува натпреварот помеѓу двете водечки екипи на табелата, Пелистер и Беса. Во Битола не очекува еден одличен и возбудлив натпревар каде што екипата на Пелистер ќе ја предизвика екипата на Беса и со триумф ќе се обиде да им се доближи на само бод разлика. Без сомневање од овие две екипи се очекува до последно коло да се борат за првата позиција и промоција во Прва лига.

Охрид после поразот од Пелистер на домашен терен, ќе го напаѓа целиот плен во Македонска Каменица. Екипата на Каменица Саса грчевито се бори за опстанок и со малку среќа ќе се обиде да извелче поволен резултат од овој натпревар.

Детонит Плачковица игра одличен фудбал и сосема заслужено се наоѓа во борбата за место кое води во Прва лига. На домашен терен имаат 5 победи на исто толку одиграни натпревари, а таа успешна серија ќе се обидат да ја продолжат и денес против екипата на Новаци.

После лошиот старт, екипата на Тетекс успеа да застане на здрави нозе, а денес ја очекува тешко гостување кај незгодниот Арсими.

Вардар Неготино на домашен терен ќе ја угости екипата на прилепска Победа и на двете екипи и повеќе од потребни им се бодови за избегнување на долниот дел од табелата.

ВТОРА ЛИГА – 11.КОЛО
сабота (од 13 часот)
АРСИМИ – ТЕТЕКС
ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – НОВАЦИ
СКОПЈЕ – БАШКИМИ
КАМЕНИЦА САСА – ОХРИД
КАРАОРМАН – ОСОГОВО
КОЖУФ – БЕЛАСИЦА
ПЕЛИСТЕР – БЕСА
ВАРДАР Неготино – ПОБЕДА

Standings provided by Sofascore