l
Во првото полувреме Челзи беше оној што создаваше шанси и напаѓаше, но реализацијата изостана, па на паузата се замина со печениот резултат 0-0.
И во вториот дел сините беа оние кои се обидуваа да постигнат гол. Но, тоа им успеа на гостите во 58-та минута.
Одличен центаршут испрати Брајан Мбеумо, а тоа добро го следеше Итан Пинок чиј удар со глава заврши во домашната мрежа.
Челзи се обидуваше се сите сили да стигне до израмнување, но наместо тоа прими нов гол. Во шестата минута во судиското дополнение, домаќините изведоа корнер, но по брзата контра Брајан Мбемо ги постави конечните 2-0 за Брентфорд.
По двете победи и нетребениот резултат со Арсенал во претходното коло, за Челзи ова е четврти пораз сезонава.
Брентфорд ја оствари четвртата победа со која стига до 14 бодови, еден повеќе од Челзи.