Фудбалската федерација на Македонија ја започната распределбата на вкупно 13.800 фудбалски топки (FIFA QUALITY PRO “IMS – International Match Standard”), на клубовите од сите категории од натпреварувањата во рамки на ФФМ (1 МФЛ, 2 МФЛ, Трети лиги, младински конкуренции, Женска фудбалска лига, футсал натпреварувања и Национални тимови).
За 12 клубови од 1 МФЛ се распределуваат 600 фудбалски топки (Triton – FIFA). 16 клубови од 2 МФЛ ќе добијат вкупно 640 фудбалски топки.
18 клубови од Женската лига (Прва и Втора) ќе добијат 560 фудбалски топки (Reposta).
7040 фудбалски топки (Mission IMS) се наменети за клубовите од Трета лига, лигите организирани од Општинските фудбалски Сојузи и младинските конкуренции.
Eкипите од ФФМ Детска лига ќе добијат вкупно 3000 фудбалски топки. 200 топки се наменети за тимовите од Прва и Втора футсал лига. Останатите ќе бидат на располагање за сите наши Национални тимови.
Фудбалските топки произведени по највисоките стандарди на ФИФА се со дизајн на ФФМ.
„Со новата акција наменета за клубовите од МФЛ и нашите национални тимови, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија ја потврдува важноста за поддршка на сите клубови во сите конкуренции од натпреварувањата организирани од ФФМ. Ќе се обидеме и во иднина да им ја дадеме целосната поддршка и помош на клубовите кои придонесуваат за развој на фудбалот во Македонија“, изјави претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини