Одлична вечер  во Лигата на Шампионите имаше екипата на Феенорд која на домашен терен целосно го надигра Лацио и со 3:1.

Холандскиот тим дојде до втора победа и прво место во групата, барем до вечер кога се игра натпреварот Атлетико Мадрид-Селтик.

Актуелниот шампион на Холандија, одлично влезе во натпреварот и уште од самиот старт навести дека вечерва оди на победа и три бода.

Веќе во 25-тата минута Хименез погоди. Но, овој погодок на младиот Мексиканец беше поништен по реакција на ВАР.

Сепак 22-годишниот напаѓач од Мексико, не се демотивираше и само седум минути подоцна постигна уште еден погодок. Овој пат регуларен со што донесе предност на Феенорд од 1:0.

Во самиот финиш на првото полувреме домаќините ја удвои предноста, преку Зеруки во втората минута од судиското продолжение.

Одличното издание на Феенорд продолжи и во вториот дел. Тоа резултираше со уште еден гол во мрежата на италијанскиот претставник. Мексиканецот Хименез во 74-тата минута беше стрелец на третиот гол за домаќините.

Почесниот погодок за Лацио беше дело на Педро, кој во 83-тата минута беше сигурен изведувач на ударот од 11 метри.

Со оваа победа Феенорд изби на првата позиција со шест освоени бода, каде ќе биде најмалку во вечерва, кога својот натпревар во играат Атлетико Мадрид и Селтик.