Фудбалската Лига на шампиони денеска и утре ни ги нуди возбудувањата од третата рунда.

Иако сме на половина од групната фаза неколку натпревари може директно да влијаат на конечниот поредок и евентуалниот пласман на екипите во нокаут фазата.

Таков ќе биде дуелот на „Олд Трафор“ каде Манчестер Јунајтед ќе го пречека Копенхаген. „Црвените ѓаволи“ се во ситуација да мора да победат, ако сакаат да се надеваат на едно од првите две места. Јунајтед во првите две кола претрпе порази и сеуште е без освоен бод.
Затоа пак Галатасарај се надева дека со полн план против минхенски Баерн може да голем исчекор напред.

Покрај Баерн во првите четири групи, само уште Реал Мадрид е тимот кој забележа победи на првите два натпревари. „Кралевите“ третата победа ќе ја бараат на гостувањето во Португалија кај Брага.

А ГРУПА
18:45 ГАЛАТАСАРАЈ – БАЕРН М.
21:00 МАНЧЕСТЕР Ј.-  КОПЕНХАГЕН
Табела
1 Баерн М.       6 бод
2 Галатасарај 4
3 Копенхаген 1
4 Манчестер Ј. 0
Б ГРУПА
21:00 СЕВИЉА – АРСЕНАЛ
21:00 ЛЕНС – ПСВ
Табела
1 Ленс         4
2 Арсенал    3
3 Севиља     2
4 ПСВ          1
Ц ГРУПА
21:00 БРАГА – РЕАЛ МАДРИД
21:00 УНИОН БЕРЛИН – НАПОЛИ
Табела
1 Реал Мадрид   6
2 Брага             3
3 Неапол          3
4 Унион Берлин 0
Д ГРУПА
18:45 ИНТЕР – САЛЦБУРГ
21:00 БЕНФИКА – Р. СОСИЕДАД
Табела
1 Р. Сосиедад 4
2 Интер            4
3 Салцбург       3
4 Бенфика        0
СИТЕ АКТУЕЛНОСТИ (резултати – табели во живо) НА ЕДНО МЕСТО