Три репрезентации од нашата група во квалификациите за ЕП, ќе играат важи дуели, а Македонија во овој круг е слободна.
Но, овој термин Македонија ќе го искористи да одигра контролен натпревар против Ерменија
Поразот од Украина сеуште боли. Теоретски, а во зависност од резултатите, сеуште можеме да се надеваме на второто место.
Затоа откажување нема, па во последните два натпревари црвено-жолтите ќе мора да влезат што се можно подобро воиграни.
Тоа впрочем е и целта на денешниот натпревар со Ерменците. во кој селекторот Милевски ќе им даде шанса на оние кои помалку играа во квалификациските дуели.
Како што изјави Елмас, секогаш кога се настапува за Македонија, целта е иста победа.
Како ќе изгледа тоа на самиот натпревар останува да видиме попладнево.
Натпревар меѓу Македонија и Ерменија, ќе се игра во Струмица, во терминот од 15 часот.