Победни на Еуро Никел и Кожув
Во Првата машка кошаркарска лига денеска беа одиграни три натпревари од 12-тото коло.
Во Кавадарци тимот Еуро Никел забележа очекувана победа во дуелот со последно пласираната Струмица со 89-72, дуел во кој Планиниќ за победничката екипа постигна 28 поени.
Триумф пред своите симпатизери забележа и Кожув, можеби потешко од очекуваното во дуелот со претпоследно пласираниот тим на Академија ФМП. Американецот, Гордон со 27 поени ја предводеше гевгелиската екипа до победа со 108-103.
Третио натпревар, беше дуелот на 9-то и 10-то пласираните екипи на табелата, Чаир против Куманово, меч во кој гостите Марјан Јаневски оствари дабл-дабл со 29 поени и 13 скокови, а Ненад Зивчевиќ средбата ја заврши со 22 поени, за триумф на гостите со 91-86.
Потстување дека поради обрските во регионалната АБА конкуренција (1и2) порано се одиграа средбиете МЗТ Скопје – ТФТ (91:81), односно Пелистер – Гостивар (117:87) .
Оваа рунда ќе биде заокружена утре со натпреварот Феникс – Работнички од 20 часот.