Тимот предводен од Чоло Симеоне, Атлетико Мадрид, конечно се разигра, па со убедливи 3-0 славеше победа над Ваљадолид.

Алваро Мората со гол во 18-тата минута го отвори резултатот, за да по пет минути, Гризман зголеми на 2-0.

Избраниците на Симеоне, продолжија да напаѓаат, а веќе во 28-та минута со голот на Хермосо, дојдоа и до  убедливи 3-0, резултат кој ќе остане непроменет до крајот на натпреварот.

Со оваа победа Атлетико Мадрид се врати на победите и дојде до 31 освоен бод,  за четврта позиција на табелата.