Екипата на ТФТ повторно е совладана во дуел од второлигашката АБА регионална конкуренција.

Во натпреварот од 2.коло на првиот турнир во Суботица, ТФТ попладнево загуби од босанскиот претставник Широки со 85-66.

Уште по првата четвртина беше јасно дека му нема спас на тимот од скопската населба Тафталиџе.

Противникот го доби периодот со 15 разлика (32-17). Јасно беше дека ваквата предност е повеќе од гаранција за успех, не на нашиот, туку на босанскиот тим.

Избраниците на Боро Смилковски, немаа решение за Американецот, Нутал кој уфрли дури 35 поени.

Најефикасен кај нашата екипа беше Хатон со 15, додека Ташовски додаде 13, а Луси 12 поени.

ТФТ го заврши настапот на првиот турнир, на кој в петок на програмата е македонското дерби меѓу МЗТ Скопје и Пелистер.