Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром, очајно ја почна сезоната во АБА2 лигата.
МЗТ беше надигран од младиот состав на Цедевита јуниор и претрпе пораз во првиот натпревар.
Ниту една комбинација не му одеше од рака на тренерот Васко Атанасов, кој дел од причините за поразот ја гледа во раната повреда на Баковиќ.
„За нас многу тежок натпревар. Треба да го заборавиме што е можно побрзо.
Не ‘изремети’ повредата на Марко Баковиќ на почетокот на натпреварот.
За нас. Генерално се треба да подобриме за следниот меч, за да очекуваме некоја победа“,
изјави по натпреварот Атанасов.
А, следниот натпревар МЗТ Скопје ќе го игра веќе во петок.
Тоа ќе биде првото македонското дерби во АБА2, дуелот против ривалот од финалната серија од плејофот, битолски Пелистер.